Ekipa
10 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската армија денес уби еден Палестинец на Западниот Брег поради наводниот обид со автомобил да прегази еден израелски војник, јавува Anadolu Agency (AA).
Вооружените сили на Израел соопштија дека инцидентот се случил на патот помеѓу Текоа и Ефрат на Западниот Брег, кога Палестинецот прво со возило се обидел да удри, а потоа го напуштил возилото и со нож нападнал израелски војник.
Војската отвори оган и го уби Палестинецот кој, наводно, му нанел полесна физичка повреда на војникот.
Идентитетот на убиениот Палестинец сѐ уште не е откриен, а според официјалните податоци на палестинските институции, тоа е 285 убиство што израелските сили го имаат извршено од октомври 2015 година, под изговор дека се работи за одговор на напад на војниците.
Од друга страна, пак, израелските институции тврдат дека во инциденти во истиот период загинаа најмалку 50 војници.