Qays Abu Samra,Hacer Başer
10 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
ЕЛ-ХАЛИЛ (АА) - Израелски војници убија малолетник во северниот дел на палестинскиот град Ел-Халил, јавува Anadolu Agency (AA).
Помеѓу израелските војници и Палестинците дошло до напнатост при што израелските војници употребиле огнено оружје при што е ранет 15-годишен Палестинец.
Како што наведуваат локални извори, израелските војници интервенирале со вистински и гумени куршуми како и со солзавец на влезот на бегалскиот камп Ел-Аруб.
Палестинското министерство за здравство истакнува дека 15-годишниот Омер Мади е ранет во судир на војската и Палестинците. Малолетникот во болницата Мизан е донесен во многу тешка состојба и покрај напорите на лекарите ја изгубил битката со животот.