Ahmet Gençtürk
10 Мај 2023•Ажурирај: 10 Мај 2023
АТИНА (АА) - Грчката одбранбена компанија „Интраком дифенс“ е купена од израелски гигант од одбранбената индустрија, објавија грчките медиуми, пренесува Анадолија.
„Интраком дифенс“, дел од групацијата Интраком холдинг, потпиша договор за продажба на 90,91 отсто од своите акции на Аеровселенски индустрии – Израел (IAI) за околу 60 милиони евра, соопшти државната новинска агенција АМНА, додавајќи дека договорот се очекува да биде финализиран до вториот квартал на 2023 година.
„Интраком дифенс“, компанија специјализирана за производство на ракетни фрлачи, ракетни потсистеми и копнени и поморски тактички комуникации, ќе биде интегрирана во деловните активности на Аеровселенски индустрии – Израел во Грција и Европа.
Аеровселенски индустрии – Израел, во сопственост на израелската држава, е меѓу најголемите компании во светот од полето на одбраната и воздухопловството.