Mohammad Sıo
15 Јануари 2024•Ажурирај: 16 Јануари 2024
КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Министерот во воениот Кабинет на израелската Влада, Гади Ајзенкот, изјави дека израелските власти мора да престанат да се залажуваат и да постигнат договор за враќање на заложниците од Појасот Газа, пренесува Анадолу.
„На заложниците им истекува времето и секој ден што минува ги изложува нивните животи на поголема опасност. Ова е клучно време за донесување храбри одлуки“, рече Ајзенкот за време на состанокот на Владата изминатиот викенд.
Оваа информација ја пренесе израелскиот весник „Једиот Ахронот“, кој исто така наведе дека Ајзенкот и министерот од воениот Кабинет, Бени Ганц, поддржуваат постигнување договор за заложниците со Хамас, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант се против.
Се верува дека Хамас држи како заложници 136 Израелци по прекуграничниот напад на 7 октомври.
По тој напад Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа. Според палестинските здравствени власти, оттогаш се загинати најмалку 24.100 Палестинци, главно жени и деца, а 60.834 се повредени.