Ekipa
23 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
КУДС (АА) ‒ Палестинците ќе имаат ентитет во иднина наместо држава, изјави израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Евентуално ќе се најдеме во решение со два ентитета, во кое го почитуваме палестинскиот суверенитет и владеење, но ќе бидеме почитувани за нашите безбедносни потреби“, рече Ганц на Минхенската безбедносна конференција оваа недела.
Запрашан од модераторите да го разјасни неговиот избор на зборови со користење на „ентитет“ наместо „држава“, Ганц рече: „...дводржавното решение нѐ носи во поранешна рамка. Тоа е фаза која дава илузија за [враќањето во] 1967 година со границите... работи што не можат да се случат“.
„Ова е причината зошто реков решение со два ентитета“, рече Ганц. „Ние ќе потврдиме едни со други како можеме да ги обезбедиме правата на Палестинците од една страна, додека да ги заштитиме безбедносни потреби на Израел од друга страна.“
Министерот за одбрана рече дека Палестинците и Израелците „не можат да го игнорираат“ постоењето на едни со други, нагласувајќи ја потребата двете страни да „донесат историски одлуки“ и „да најдат начини да живеат едни со други“ на начин што ја одразува „реалноста на теренот“.