Talha Yavuz
23 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
КИЕВ
Украинскиот Парламент го одобри Нацрт-законот со кој се регулира цивилите да може да поседуваат оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Предлог-законот беше прифатен со мнозинство гласови, односно со поддршка на 274 пратеници од 450-члениот Парламент.
Се нагласува дека со Законот цивилите во Украина можат да поседуваат оружје под одредени услови и дека законската основа за тоа е зајакната.