Ekipa
18 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
ГАЗА (АА) - Израелските сили утринава започнаа воздушни напади на исток од Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуваните безбедносни извори велат дека израелските воени авиони ги нападнале земјоделските имоти во местото Ез-Зејтун.
Според првите информации, во нападот немало жртви.
Израелските артилериски сили и минатата ноќ извршија напади врз Газа. Најмалку едно лице беше рането.
Израелската страна тврди дека станува збор за одговор на наводниот бомбашки напад, кој вчера беше извршен од појасот Газа на територијата на Израел.