İzzet Mazi
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
КИЛИС (АА) - Авиони на коалициските сили предводени од САД, ги бомбардирале локалитетите на ДАЕШ во околината на Хавар Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Од информациите кои АА ги доби од локални извори, се дознава дека продолжуваат борбите меѓу терористичката организација ДАЕШ и Слободната сириска армија (ССА) во областа Азез на сирискиот град Алепо. Зголемениот интензитет на судирите меѓу ДАЕШ и ССА во околината на селата Хавар Килис и Игне, од областа Азез, се слушал до турскиот град Килис, кој е во близија на турско-сирискаста граница.
Во меѓувреме авионите на коалициските сили предводени од САД ги бомбардирале локалиите на ДАЕШ во околината на Хавар Килис.
По бомбардирањата, забележани се големи облаци од дим.