Yaser Arafat Mohamed Albanna, Çağrı Koşak
13 Септември 2021•Ажурирај: 14 Септември 2021
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони извршија воздушни напади врз три одделни области во окупираниот Појас Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на дописникот на АА, израелските авиони ги нападнаа регионите Рафа, Хан Јунус и Бејт Лахја на југот од Газа.
Израелската армија сè уште не даде информација во врска со нападот.
Нема информации за загинати или повредени како резултат на нападите.
Израел вчера соопшти дека три ракети истрелани од Газа во последните 48 часа се уништени од системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“.