Yaser Albanna,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
30 Август 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
ГАЗА (АА) - Израелските војници со гумени куршуми во глава го ранија фоторепортерот на Anadolu Agency (AA), Али Џадалах, кој работи во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Џадалах, кој ги следеше мировните демонстрации во рамки на Маршот на големото враќање во источниот дел на Газа, е ранет во главата со гумени куршуми од страна на израелските војници.
На местото на настанот тој доби прва помош, а неговата состојба е добра.
Поголемиот дел од фоторепортерите на АА беа ранети во нападите на Израел за време на демоснтрациите во рамки на Маршит на големото враќање кој трае од 30 март 2018 година досега на границата на Газа, меѓу кои и Али Џадалах.
Џадалах и претходно беше ранет во градите со солзавец на 25 мај 2018 година, додека месец дена потоа во рака беше повреден со куршум.
Тој исто така беше ранет и за време на демоснтрациите на 22 март 2019 година.