Hamdi Yıldız
08 Декември 2022•Ажурирај: 09 Декември 2022
ЏЕНИН (АА) - Израелските сили смртно застрелаа тројца Палестинци во окупираниот град Џенин на Западниот Брег, соопшти утрово палестинското Министерство за здравство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Очевидци за АА изјавија дека израелските војници се судриле со Палестинците за време на рациите, при што биле повредени неколку лица.
Бригадите „Ал Кудс“, военото крило на Движењето Исламски џихад, соопштија дека повредиле неколку израелски војници во близина на бегалскиот камп во Џенин.
Израелските власти сѐ уште не излегоа со коментар за случувањата.