Mustafa Deveci
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили приведоа 16 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на израелската Војска, во рамки на операциите извршени синоќа во различни места на Западен Брег, приведени се 16 Палестинци под изговор дека биле вмешани во терористички активности.
Во ова соопштение се вели дека приведените Палестинци биле пренесени во центрите за притвор, каде што ќе бидат испрашувани.
Израелските сили често вршат рации во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
Според палестинските официјални извори, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.500 Палестинци.
Израел, со практиката наречена „административно притворање“, во зависност од разузнавачките информации може да приведува Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци. Ако притвореникот се смета како „опасност за безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.