1 23
14 Ноември 2022•Ажурирај: 16 Ноември 2022
РАМАЛА (АА) - Во оган на израелската армија на окупираниот Западен Брег е убиена Палестинка, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека израелските сили застрелале жена во глава за време на воен напад врз градот Беитунија, западно од Рамала.
Во соопштението не се дадени повеќе детали, но активистите споделија видео на социјалните мрежи на кое се гледа како израелски војници отвораат оган врз автомобил со Палестинци.
Палестинската телевизија изјави дека израелските сили отвориле оган врз автомобилот и ги привеле неговите патници.
Израелската армија сѐ уште не се изјасни за овој случај.
Израелската армија спроведува речиси секојдневни рации и упади низ окупираниот Западен Брег за да ги приведе како што вели „бараните Палестинци“ или да ги урне домовите на Палестинците.
Упадите предизвикаа судири со Палестинците, предизвикувајќи неколку смртни случаи.