Bedrudin Brljavac
07 Април 2024•Ажурирај: 08 Април 2024
ТЕЛ АВИВ (АА) - Десетици илјади граѓани на Израел демонстрираа синоќа во Тел Авив, главниот град на Израел, против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, известува Анадолу.
Масовните демонстрации во Тел Авив започнаа со едноминутно молчење, а потоа граѓаните ја извикуваа паролата „Избори, веднаш!“. Насобраните извикувајќи слогани, барале оставка од израелскиот премиер Нетанјаху.
Демонстрантите повикаа на одржување на предвремени избори и ослободување на заложниците Израелци во Газа.
Освен протестите во Тел Авив, масовни демонстрации се одржаа во уште неколку израелски градови.
Со недели траат масовните демонстрации во Тел Авив против владата на Бенјамин Нетанјаху.