Emre Gürkan Abay
22 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
МОСКВА (AA) – Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, даде изјава во врска со операцијата „Маслинова гранка“ на Турските вооружени сили (ТСК) против терористичката организација ПЈД/ПКК во регионот на Африн во Сирија, истакнувајќи дека тие внимателно го следат развојот на настаните и дека руските власти продолжуваат да одржуваат контакти со турските и сириските власти, јавува Anadolu Agency.
Во својата изјава за новинарите во главниот град Москва, Песков рече дека за Русија, заштитата на територијалниот интегритет на Сирија е приоритетно прашање.
Песков наведе дека внимателно ги следат случувањата во Африн и нагласи дека руските власти одржуваат контакт со турските и сириските власти.