Mehmet Alaca
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
ЛАКНАУ
Во северна Индија 12 лица го загубија животот кога возач на автобус, во обид да избегне да удри во животни, излетал од патот, по што удрил во камион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата соопшти дека несреќата се случила во местото Барабанки, 40 километри југозападно од градот Лакнау.
Во соопштението се истакнува дека возачот на автобусот, за да избегне удирање во животни скитници, излетал од патот и удрил во камион.
Во продолжение се наведува дека во несреќата загинале 12 лица, а повредени се 32 од 60-те патници во автобусот.
Јамуна Прасад, висок офицер на полицијата, информира дека некои од патниците се тешко повредени и дека е можно зголемување на бројот на загинати.
Повеќе од 110.000 лица секоја година умираат во сообраќајни несреќи во Индија.