07 Октомври 2021•Ажурирај: 09 Октомври 2021
БЕРЛИН (АА) - Во Судот во Нојрупин, Германија, денеска започнува судењето на 100-годишно лице, кое било чувар во нацистичкиот концентрационен логор „Заксенхаузен“ кај Берлин, за време на Втората светска војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Судскиот процес против обвинетиот, обвинет за 3.518 точки за соучество во убиства, се одржува во Државниот суд во Нојрупин.
Обвинителството го товари за помагање во убивањето затвореници во логорот помеѓу 1942 и 1945 година.
Властите велат дека и покрај напреднатата возраст, осомничениот се смета за доволно способен за да му се суди, иако бројот на часови поминати на суд дневно може да биде ограничен.
Околу 200.000 луѓе беа затворени во „Заксенхаузен“ од 1936 до 1945 година. Десетици илјади беа застрелани, убиени со гас или починале во сурови медицински експерименти. Кампот служел и како камп за обука на СС, една од главните нацистички организации.