Muhammet Nazım Taşçı
08 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
АНКАРА
Во индиската држава Утар Прадеш дојде со сообраќајна несреќа во која патнички автобус падна во канал. Во несреќата животот го загубија 29 лица, а 18 се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, во индиската сојузна држава Утар Прадеш, автобусот со околу 50 патници се движел на релацијата Лакнау - Њу Делхи. Во околината на местото Агра, возачот ја загубил контролата над автобусот и од висина од 30 метри паднал во канал.
Медиумите информираат дека во несреќата животот го загубиле 29 лица, а 18 се повредени. Меѓу починатите има едно бебе на 1,5-годишна возраст и едно 15-годишно девојче.
Властите соопштија дека до несреќата дошло бидејќи шоферот задремал додека управувал со автобусот.
Премиерот на Индија, Нарендра Моди, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер ја изрази својата тага поради автобуската несреќа и им изрази сочувство на семејствата на починатите. Премиерот Моди на повредените им посака побрзо оздравување, истакнувајќи дека се преземени потребните мерки.
Јоги Адитјанат, премиерот на сојузната држава Утар Прадеш, им изрази сочувство на семејствата на починатите, додавајќи дека се преземени потребните мерки за да им се помогне на повредените.
Објавено е соопштение во кое се вели дека на семејствата на загинатите ќе им бидат доделени 500.000 рупии (околу 7.250 долари).