Ekip
09 Јануари 2021•Ажурирај: 10 Јануари 2021
ЊУ ДЕЛХИ
Најмалку десет новороденчиња смртно настрадаа во пожарот што избувна во болница во индиската сојузна држава Махараштра, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во Одделот за новороденчиња беа сместени 17 бебиња. Спасени се седум, а десет смртно настрадаа“, соопшти претставникот на болницата, Прамод Кандате.
Пожарот избувна во Општата болница во Бандари и тоа во раните утрински часови.
Надлежните институции започнаа истрага за причините за пожарот, а премиерот на Индија, Нарендра Моди, упати пораки со сочувство до семејствата на настраданите бебиња.
„Ова е голема трагедија во која загубивме млади животи. Се надевам на брзо закрепнување на повредените“, порача Моди.