Dildar Baykan
09 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
ВАШИНГТОН
Социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека трајно го суспендирала профилот на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Откако одблизу ги испитавме последните пораки што Трамп ги објавил на овој профил, трајно го суспендиравме профилот на Трамп поради ризикот од поттикнување насилство“, се вели во соопштението на безбедносниот тим на Твитер.
Во соопштението се подвлекува дека Твитер им обезбедува можност на властите и светските лидери, кои се избрани од страна на народот, да го пренесат нивниот глас.
„Но, во последните години јасно утврдивме дека профилите на лидерите не се посупериорни од нашите правила и не можат да го употребат Твитер за ширење насилство. Ќе продолжиме да бидеме транспарентни што се однесува до нашите политики и начините на нивно спроведување“, се наведува во соопштението.
Од друга страна, суспендиран е профилот „realDonaldTrump“ на Трамп, додека профилот „POTUS“, кој е официјално отворен за претседателите на САД, сè уште е активен.
Инаку, по настанатите немири во изминатите денови во американскиот Конгрес, Твитер го суспендираше профилот на Трамп за 12 часа, а соопшти дека во случај да продолжат објавите што поттикнуваат насилство, ќе биде затворен профилот.
Исто така, Фејсбук и Инстаграм ги суспендираа профилите на Трамп поради неговите објави.