Mustafa Deveci
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Индија ja тестираше балистичкaта ракета „Агни-V“ со 5 илјади километри нуклеарен носечки капацитет, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештаите на локалните медиуми, ракетата со опсег што може да ја погоди Кина и Русија беше лансиранa од островот Абдул Калам.
Индискиот министер за одбрана, Нирмала Ситараман, рече дека балистичката ракета „Агни-V“ е успешно тестирана, но локалните медиуми изјавија дека сè уште нема информации дали ракетата ги поминалa сите тестови.
Ако балистичката ракета „Агни-V“ ги помине сите тестови, Индија ќе биде шеста земја што ќе има балистичка ракета со долг дострел.
САД, Русија, Кина, Франција и Обединетото Кралство се земји што поседуваат балистички ракети со долг дострел.
Експертите велат дека за Пакистан се произведени балистичките ракети „Притви“, „Дануш“ и „Анги-I“, а за Кина балистичките ракети „Агни-IV“ и „Агни-V“ со долги дострели.
Индија стапи во војна со Пакистан и Кина, поради граничниот спор. Во 1962 година имаше краток судир меѓу Индија и Кина, поради пограничниот спор во Хималаите, а двете земји, по примирјето, се вратија во своите предвоени граници. Спорот околу регионот Кашмир, кој предизвика три војни меѓу Индија и Пакистан, сè уште е во тек.