?????
16 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
ЏАКАРТА (АА) - Дванаесет лица се уапсени поради сомневање дека се вмешани во вчерашните бомбашки напади во Џакарта, соопшти индонезиската полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во низа експлозии кои вчера се случија во трговски центар во Џакарта, најмалку седум лица загинаа, а меѓу седумте жртви три се цивили а четворица терористи, од кои најмалку еден е странски државјанин
Нападот се случи во близина на трговскиот центар "Sariah" и зградата на театарот во негова близина, а локални извори јавуваат дека во нападот најверојатно е вклучен и еден бомбаш самоубиец.
Шефот на националната полиција Бедруин Хаити изјави за новинарите дека осомничените се уапсени во градовите Јава и Калимантану.
Истовремено, властите тврдат дека се блокирани над 10 интернет страници на кои се изразува поддршка за вчерашните напади.
Индонезија и порано беше средиште на терористички напади на радикални групи. Еден од најтрагичните беше оној на Бали во 2002 година, кога беа убиени 202 лица.
На крајот на минатата година, индонезиската полиција уапси над 20 лица осомничени за поврзаност со ДАЕШ.