Büşra Nur Bilgiç Çakmak
11 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
АНКАРА
Меѓународната организација за миграции (ИОМ) денеска изрази загриженост во врска со извештаите за враќање и колективно протерување на мигрантите од Грција, во некои случаи и по насилен пат, јавува Агенција Анадолија (АА).
„ИОМ, заедно со своите партнери одблизу ја следи ситуацијата и доби извештаи за мигрантите кои произволно се уапсени во Грција и се вратени во Турција и за насилството извршено врз нив од страна на граничниот персонал“, пишува во соопштението на организацијата.
„ИОМ ги повикува грчките власти да ги истражат ваквите наводи и сведочења на луѓето кои се принудени да ја преминат грчко-турската граница“, се додава во соопштението.
Организацијата исто така ги повика земјите да се воздржат од депортации за време на пандемијата на Ковид-19, но дека можат да продолжат со процесот за доброволно враќање.
„Како последица на разговорите за прашањето за здравјето на луѓето, ги повикуваме земјите да се воздржат од секуритизација на границите и имплементирање на миграциски практики кои можат да ги загрозат човековите права на мигрантите, вклучително и мерките како што се изградба на гранични sидови, милитаризиција на граничните патроли или зголемување на депортациите.“