Rahmi Gündüz
12 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Во воздушен напад на беспилотно летало во ирачкиот град Ербил ранети се двајца француски војници, потврди портпаролката на француската влада, Стефани ле Фол, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот на 2 октомври го извршиле припадници на терористичката група ДЕАШ, а Ле Фол потврди дека се ранети двајца фрнацуски војници.
Весникот „ Ле Монд” наведува дека еден војник е во тешка состојба и дека се бори за живот.
Франција минатата година во Ирак прати воени експерти и опрема за борба против ДЕАШ но и обучување на единиците Пешмерга. Оваа земја интензивно извршува воздушни напади на позициите на ДЕАШ со помош на авиони кои полетуваат од бродот „Шарл де Гол”. Целта е ослободување на Мосул од припадниците на ДЕАШ.