Ali Mukarrem Garip
11 Октомври 2018•Ажурирај: 12 Октомври 2018
КИРКУК (АА) - Во експлозија на бомба поставена покрај патот во Киркук, Ирак, загина едно лице, а четири се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата во Киркук, Али Кемал, изјави дека е активирана бомба во населбата Багдад Јолу.
Кемал додаде дека како последица на детонацијата дошло до големо оштетување на околните станбени и деловни објекти.
Тој изјави дека сѐ уште не е утврден идентитетот на напаѓачот, но дека е покрената опсежна истрага за одговорните лица да бидат фатени.