İdris Okuducu
05 Јули 2017•Ажурирај: 06 Јули 2017
СУЛЕЈМАНИЈА (AA) - Најмалку 43 лица се повредени во пожар што изби во складиште за гориво во градот Сулејманија, кој е под контрола на Владата на Регионалната курдска управа во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот изби во големо складиште за гориво во подрачјето Ербат, кое се наоѓа на патниот правец Сулејманија – Керкук.
Сѐ уште не е позната причината за избувнувањето на пожарот.
Д-р Миран Мухамед, шеф на Одделот за здравство во Сулејманија, за АА изјави дека досега во болниците се префрлени 43 лица.
Противпожарната служба го стави под контрола поголемиот дел од пожарот, кој предизвика голема материјална штета на споменатиот објект.