Haydar Hadi
09 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
САЛАХАДИН (АА) - Во самоубиствен напад врз салон за свадби во покраината Салах ад-Дин во Ирак загинаа најмалку 23 лица, додека 20 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според ирачките безбедносни сили, самоубиствениот напад е изведен врз салон за свадби во местото Џезирет'ул Хаџаџ на запад од градот Баиџи кој спаѓа во покраината Салах ад-Дин.
Потврдено е дека во нападот загинале најмалку 23 лица, додека 20 се повредени.
Градот Баиџи, кој се наоѓа на 280 километри северно од Багдад, во 2015 година е ослободен од ДЕАШ.
Инаку, во тој ирачки град се наоѓа најголемата рафинерија на нафта во земјата.