Hacer Başer
27 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
БАГДАД
Ирачкиот Врховен федерален суд го одби барањето за поништување на парламентарните избори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на ирачката официјална агенција ИНА, донесена е одлука по барањето за поништување на изборните резултати.
Судот одлучи да го одбие барањето за поништување на изборните резултати.
Исто така се наведува дека е затворен патот за жалба на последната одлука.
Хади Амири, лидерот на шиитската коалиција „Фатах“, на 4 декември поднесе барање до Врховниот федерален суд за поништување на изборните резултати.
Коалицијата „Фатах“, чиј број на пратеници се намали од 47 на 17 на предвремените парламентарни избори одржани на 10 октомври, тврди дека изборите се „лажирани или наместени“.