Muhammet Kurşun
25 Март 2016•Ажурирај: 26 Март 2016
КИРКУК (АА) - Во последните месец дена околу 500 семејства побегнаа од местото Хавиџа во Ирак, во близина на Киркук кој е под контрола на терористичката оганизација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на Западниот фронт на курдските сили Пешмерга, Ако Негим, за АА рече дека бројот на семејства кои го напуштаат регионот под контрола на ДАЕШ е сè поголем, особено по почетокот на вчерашните акции за ослободување на Мосул.
„Само во последните месец дена најмалку 500 семејства побегнале од терористите на ДАЕШ од местото Хавиџа, во близина на Киркук, во северниот дел на Ирак. Тие пребегаа во подрачјата под контрола на силите Пешмерга”, рече Негим.
Додаде дека заробиле голем број милитанти на ДАЕШ кои се „обиделе да се извлечат меѓу бегалците”.
Мухамед Фатих, еден од жителите на Хавиџа кој избегал на територијата под контрола на силите Пешмерга за АА рече дека поради нехуманото однесување на ДАЕШ е принуден да го напушти своето село Бегаре.
„Терористите на ДАЕШ им го уништија животот на луѓето. Основните намирници за живот се многу скапи. Секој во Хавиџа ја користи можноста да избега”, рече Фатих.