Kemal Karadağ
10 Ноември 2018•Ажурирај: 11 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили неутрализираа 15 терористи, припадници на сепаратистичката терористичка организација во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Генералштабот на турската Армија, вчера биле извршени воздушни операции во подрачјата на Гара, Зап и Авашин-Басјан, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак.
Во рамки на овие операции уништени се засолништата и магацините за муниција на сепаратистичката терористичка организација.
Исто така, Турските вооружени сили во овие рамки неутрализираа 15 оружени терористи кои биле во подготовка за напад врз базите.