Ekipa
21 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
ЕРБИЛ (АА) - При изведување на градежни работи во Ербил, Ирак, откриени се 9 гробници за кои се претпоставува дека потекнуваат од времето на Асирското царство, јавува Anadolu Agency (AA).
Горан Мухамед, од Дирекцијата за археологија на Ербил изјави дека за време на градежните работи, едно лице на својот имот открило историски споменик и за тоа ги известил надлежните институции.
Мухамед соопшти дека гробниците се пронајдени во една купола во населбата Ераба.
„Досега отворивме три сандаци и извадивме 41 предмет, воглавно ќерамички садови“, рече Мухамед.
Тој посочи дека и претходно во градот се пронаоѓани слични гробници.
„Екипа ги истражува гробниците и предметите. Претпоставуваме дека гробниците се од асирскиот период и дека се стари меѓу 3.000 и 3.500 години“, соопшти Мухамед и додаде дека ископувањата продолжуваат и постои можност да бидат пронајдени уште гробници.