Hüseyin Emir,Zeynep Hilal Karyağdı
10 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
КЕРКУК (АА) - Терористичката организација ДЕАШ во Ирак киднапираше 385 цивили, меѓу кои има деца и жени, јавува Anadolu Agency (AA).
Капетанот на ирачката армија, Хамид ел-Убејди, за АА изјави: „Безбедносните сили потврдија дека терористите на ДЕАШ во близината на селото Зејбат киднапирале 260 лица кои се обидувале да избегаат од гратчето Хавиџе во областа на Керкук, кон подрачјето што е под контрола на силите на Пешмерга“.
Капетанот Убејди соопшти дека друга група од 125 лица кои се обидувале да избегаат од терористите на ДЕАШ од јужните делови на Керкук, на ист начин биле киднапирани во близина на селото Хамел. Киднапираните биле префрлени во градот Хавиџе.
Капетан Убејди смета дека животите на киднапираните се во опасност, бидејќи смртна казна ги очекува сите оние што ќе се обидат да избегаат од ДЕАШ.