Ahmet Dursun
02 Септември 2022•Ажурирај: 05 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Иран соопшти дека привремено задржал два американски чамци без екипаж во Црвеното Море со образложение дека тие ја „загрозувале поморската безбедност“, а подоцна ги ослободил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Иранската државна телевизија, два американски извидувачки чамци без екипаж вчера накратко биле задржани од Иранската морнарица со образложение дека ја загрозиле поморската безбедност во Црвеното Море.
„Разурнувач на Иранската морнарица, вчера, откако ја предупреди американската флота, задржа два брода за да спречи можна несреќа. Откако беа обезбедени меѓународните бродски рути, двата чамци беа оставени во безбедна област“, се вели во веста.
На снимката емитувана на државната телевизија се гледа дека иранските војници туркаат два чамци без екипаж во морето од палубата на еден брод.
Во соопштението на САД на 30 август се истакнува дека Армијата на Иранската револуционерна гарда се обидела да ги заплени чамците без екипаж на морнарицата во Персискиот Залив, но овој обид е спречен со интервенција на американски воен брод лоциран во близина.
Армијата на Иранската револуционерна гарда, пак, соопшти дека чамците без екипаж се пресретнати поради нарушување на поморската безбедност, а подоцна се ослободени.