Mohamed Sabry Emam Muhammed
22 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател, Хасан Рохани, истакна дека Иран е подготвен да им пружи рака на пријателство на сите соседи и да им ги прости нивните грешки од минатото, јавува Anadolu Agency (AA).
„Каде и да имаат стапнато Американците ја зголемија несигурноста, како што се покажа во случаите на Авганистан и Ирак“, изјави Рохани во обраќањето по повод 39-годишнината од ирачко-иранската војна.
Рохани рече дека ќе претстави иницијатива во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) оваа недела, со цел гарантирање на безбедноста на Персискиот Залив и Ормутскиот Теснец преку соработка на државите од регионот.
„Присуството на странски сили може да биде опасно за регионот, за меѓународните води, како и за безбедноста на пловидбените линии и енергетиката, но, нашиот пат е да создадеме единство и координација со земјите од регионот“, рече тој.
Беспилотни летала погодија две нафтени постројки во северниот дел на Саудиска Арабија на 14 септември, предизвикувајќи кусок од 5,7 милиони барели на ден од производството, нарушувајќи го глобалниот пазар.
Јеменските бунтовници Хуси првично ја презедоа одговорноста за нападот, но Соединетите Американски Држави (САД) и Саудиска Арабија го обвинија Иран, кој негираше каква било поврзаност со нападите.