Gamze Türkoğlu Oğuz
11 јуни 2018•Ажурирај: 12 јуни 2018
АНКАРА (АА) - Северна Кореја упати остри критики до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој на иранскиот народ му даде предлог за спас од сушата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Јонг Хо, во врска со предлогот на Нетанјаху, преку профилот на социјалната мрежа Твитер ја сподели следната објава: „Екстремен ционисту Нетанјаху, на Иран му даваш предлог за вода. Тоа нема да го направи еден лажго и криминалец. Во исто време не размислува да ѝ даде вода на Газа. Наместо тоа, убива“.
Премиерот Нетанјаху изјави дека со цел да ги спаси милионите Иранци од суша, преку интернет ќе ја сподели напредната технологија за вода.
Нетанјаху имаше изјавено дека планирал со иранскиот народ да ги сподели информациите, поставувајќи веб-страница на персиски јазик, на која ќе бидат објавени детални упатства.