Muhammet Kurşun
01 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
ТЕХЕРАН
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде, истакна дека очекуваат вистински чекори од САД во однос на нуклеарниот договор и укинувањето на санкциите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хатибзаде на прес-конференцијата што ја одржа во зградата на Министерството за надворешни работи во главниот град Техеран се осврна на актуелните прашања.
Наведувајќи дека договорот би бил можен доколку САД во Виена пристигнат со „применливи програми“ и „не најдат непотребни изговори за санкции“, Хатибзаде нагласи: „Чекорите што ги преземаат САД се спротивни на ставовите што се декларираат. Доволно слушавме зборови и ги очекуваме вистинските чекори од САД, што ги одложуваат со месеци.“
Хатибзаде, наведувајќи дека со Ријад преговараат за билатералните и регионалните прашања, се осврна на проблемите меѓу Саудиска Арабија и Либан.
„Политиките на притисок кон другите земји го изгубија својот ефект, мислам дека Ријад го знае тоа. Природно е Иран да биде на страната на Либан и Јемен. Преговорите меѓу Иран и Саудиска Арабија продолжуваат на сериозен начин. Нивниот успех зависи од сериозноста на другата страна“, нагласи портпаролот Саид Хатибзаде.