Ahmet Dursun
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Иран, за да може палестинскиот народ да ја одреди својата судбина, повика на референдум во Палестина, на кој ќе учествуваат муслиманите, христијаните и евреите, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Иран објави писмено соопштение по повод 71. годишнина од израелската окупација која Палестинците ја нарекуваат „Некба“ (Голема катастрофа).
Во соопштението се истакнува дека на чело со Обединетите нации (ОН), меѓународната заедница треба да овозможи палестинските територии и Ерусалим (Кудс) да се ослободат од израелската окупација, да се дозволи народот на Палестина да има право на самоопределување и да се формира палестинската држава, чиј главен град ќе биде Ерусалим.
- „Израел стана вистинска закана за меѓународниот мир и безбедноста“
Во соопштението се наведува дека се очекуваат решителни чекори од меѓународната заедница во однос на израелската окупација во Палестина, и се додава: „Треба да се обезбедат потребните услови за одржување на референдум со учество на сите локални жители, муслимани, христијани, вклучувајќи ги и евреите.“
Во соопштението, исто така, се наведува дека од „Големата катастрофа“, што се случи на 14 мај 1948 година, на палестинската територија нема мир и стабилност.
„Врз окупираните палестински територии се наоѓа едно нелегитимно тело наречено ционистички режим кое своето присуство го обезбедува со војна, убиства и окупација. Овој режим е причина за сите регионални кризи, а денес стана вистинска закана за меѓународниот мир и безбедност“, се наведува во соопштението.