Ruslan Rehimov
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
БАКУ (АА) - Утре во Азербејџан ќе се одржи референдум за промена на членот 23 од Уставот како и за додавање на шест нови члена во Уставот, јавува Anadolu Agency (AA).
Од страна на претседателот на државата Илхам Алијев предложено е новите уставни промени да предвидуваат продолжување на мандатот на претседателот од 5 на 7 години, укинување на уставната одредба со која претседателот на државата треба да има најмалку 35 години, и давање на надлежност на претседателот на државата да има право да прогласи предвремени претседателски избори.
Меѓу предложените измени се и одредбата за оформување на функциите прв заменик на претседателот и помошници на претседателот. Се предвидува правото за нивно назначување и разрешување да му се даде на претседателот.
Првиот заменик на претседателот ќе има и имунитет. При отсуство на претседателот сите надлежности ќе преминат на првиот заменик претседател.
Исто така со измените на Уставот се предвидува да се додадат и членовите за барање за приватната сопственост да има и приватна одговорност, и „со закон да се ограничи правото на сопственост на земјиште, со цел да се постигне социјална правда и правилно користење на земјиштето.
На референдумот право наглас ќе имаат околу 5.260.000 граѓани, којшто ќе може да гласаат во 5.627 избирачки места, во 125 изборни зони. За граѓаните на Азербејџан коишто живеат надвор од земјата формирани се 38 изборни места.
Референдумот ќе го следат 53. 030 домашни и 117 странски набљудувачи. Исто така во илјада избирачки места се поставени камери со цел директно да се следи избирачкиот процес. Утрешниот референдум ќе започне во 08.00 часот по локално време а ќе заврши во 19.00 часот.