Muhammet Kurşun
08 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ТЕХЕРАН
Иран тврди дека најмалку 80 американски војници загинале во нападот со балистички ракети врз американската воздушна база „Ајн ел Асад“ во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иранската државна телевизија, во веста што ја базира на извори од Револуционерната гарда, објави дека ракетите ги погодиле чувствителните и витални точки во базата и дека најмалку 80 американски војници ги загубиле своите животи. Исто така, во нападот сериозно биле оштетени голем број беспилотни летала, хеликоптери и воена опрема.
Покрај тоа, се наведува дека уште 104 точки на САД се земени како цел на иранските напади и дека ако Вашингтон преземе нов чекор и тие места ќе бидат нападнати.
Од друга страна, иранскиот државен ТВ-канал, кој емитува програма на англиски јазик, „Прес ТВ“, соопшти дека не може да ја потврди веста дека се убиени 80 американски војници.