Ahmet Dursun
23 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Зградата на Агенцијата за атомска енергија на Иран беше цел на обид за саботажа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иранската државна телевизија јави дека еден од објектите на Агенцијата за атомска енергија на Иран бил цел за обид на напад кој е спречен со навремено дејствување на иранските безбедносни сили.
Истиот извор јавува дека во обидот за саботажа во строго обезбедуваниот објект немало настрадани лица, ниту е нанесена материјална штета.
Подетално соопштение за обидот за саботажа се очекува по завршувањето на покренатата истрага.