Ayhan Mehmet
23 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
АТИНА (АА) - Лекарите и здравствените работници во Грција ја прекинаа работата во знак на протест против мерките за штедење и условите за работа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лекарите и здравствените работници, на повик на Грчката федерација на вработени во државните болници (POEDIN), собирајќи се пред зградата на Министерството за труд во главниот град, Атина, започнаа со 5-часовен прекин на работата.
Стотиците здравствени работници кои протестираат против здравствениот систем, потоа се упатија кон Министерството за здравство.
Во обраќањето во име на групата, претседателот на Грчката федерација на вработени во државните болници (POEDIN), Михалис Јанакос, рече:
„Здравствените работници, кои ги ризикуваа своите животи за да ги спасат животите на другите лица во борбата против епидемијата, сега се борат против болниот здравствен систем.“
Наведувајќи дека ќе ја продолжат својата борба за подобрување на условите за работа, Јанакос рече дека во здравствениот систем е потребно вработување на поголем кадар.