Rania R.a. Abushamala
22 Јуни 2026•Ажурирано: 22 Јуни 2026
Иранската делегација денес ја напушти Швајцарија и замина за Техеран, по речиси 18 часа интензивни преговори и консултации, јави државната телевизија ИРИБ, пренесува Анаодлу.
Делегацијата, предводена од претседателот на иранскиот Парламент и главен преговарач, Мохамад Бакер Калибаф, замина по завршувањето на самитот што се одржа во Биргеншток.
Претходно посредниците Катар и Пакистан соопштија дека преговорите се воделе во „позитивна и конструктивна атмосфера“ и дека донеле „охрабрувачки напредок“.
Посредниците наведоа дека страните се договориле за неколку механизми, со цел унапредување на преговорите кон конечен договор, вклучително и формирање Комитет на високо ниво, основање технички работни групи и патоказ од 60 дена за постигнување конечен договор.
Техничките преговори за отворените прашања се очекува да продолжат кон крајот на оваа недела.