Riyaz Khaliq Khaliq
22 Јуни 2026•Ажурирано: 22 Јуни 2026
Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, денес изјави дека првиот состанок на високо ниво на САД и Иран во Швајцарија донел „охрабрувачки напредок“, вклучително и договор за Мапа на патот кон финален договор во рок од 60 дена, јавува Анадолу.
„Преговорите се одржаа во позитивна и конструктивна атмосфера и донесоа охрабрувачки напредок, вклучително и договор за Мапа на патот кон финален договор во рок од 60 дена, формирање Комисија на високо ниво за обезбедување политички надзор и започнување на понатамошни технички разговори“, рече Шариф во соопштението.
Клучниот состанок во рамките на Меморандумот за разбирање од Исламабад заврши во Бургенсток вчера.
Шариф уште еднаш го пофали раководството и на САД и на Иран за „континуираната посветеност“ на конструктивниот ангажман.
Тој, исто така, им се заблагодари на „сите братски и пријателски земји“ за нивната драгоцена поддршка во унапредувањето на овој историски процес.
„Особено, би сакал да ја изразам мојата благодарност до нашата братска земја Катар за нејзината клучна поддршка во создавањето на условите потребни за овие преговори да продолжат“, додаде тој.
Шариф понатаму ѝ се заблагодари на швајцарската Влада за организирањето на овие преговори.
„Пакистан ќе продолжи да ја игра својата чесна и искрена улога во унапредувањето на дијалогот и дипломатијата кон мирно и трајно решение“, додаде Шариф.