Lina Altawell
15 Септември 2026•Ажурирано: 15 Септември 2026
Ирачкиот премиер Али ел-Заиди денес пристигна во германскиот главен град Берлин во рамките на неговата прва европска турнеја, која ја опфати и Франција, јавува Анадолу.
Кабинетот на Ел-Заиди го потврди неговото пристигнување во Берлин во кратко соопштение, без да го прецизира времетраењето на посетата.
Според претходното соопштение на неговиот Кабинет, тој треба да се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц за да разговараат за регионални и меѓународни прашања, како и за начините за зајакнување на соработката во областите на енергетиката, безбедноста и транспортот.
Посетата на Берлин се реализира по посетата на Ел-Заиди на Париз, која ја заврши вчера каде што се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.
Ирачкиот премиер во неделата ја започна официјалната посета на Франција, на почетокот на неговата прва европска турнеја откако стапи на функцијата во мај.