İdris Okuducu
16 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
КИРКУК (АА) - Силите на ирачката централна влада воспоставија контрола над целиот град Киркук, јавува Anadolu Agency (AA).
Инаку ирачките безбедносни сили рано утрово ја започнаа операцијата за преземање на контролата над стратешки положби од курдските сили Пешмерги кои се повлекоа од јужниот дел на градот.
Во соопштението на ирачката Заедничка оперативна команда се наведува дека е воспоставена контрола над целиот централен дел на Киркук.
Се додава дека е организирана и церемонија на подигање на ирачкото знаме на државните институции.
Ирачките сили, меѓу другото, воспоставија контрола и над нафтени компании, воена база, рафинерија и аеродром во овој ирачки град.
Пешмергите приврзани на Унијата на курдски патриоти, рано утрово се повлекоа од јужниот дел на Киркук, а ирачката војска и полиција ја презедоа контролата во тој регион и од зградите ги отстранија знамињата на Регионалната курдско раководство.