Handan Kazancı
29 Ноември 2015•Ажурирај: 30 Ноември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) – Истанбулскиот аеродром Ататурк, турскиот најголем воздушен центар, сега е еден од неколкуте интернационални објекти кои се истакнуваат на Street View на Google Maps, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот водечки аеродромски оператор TAV објави вчера дека Google досега додаде 16 интернационални аеродроми и над 50-тина железнички и метро станици во својата мрежа, која им овозможува на корисниците виртуелно да „чекорат“ внатре во терминалните згради.
Google за прв пат ја лансираше својата интерактивна мапа во 2013 година.
Гигантот- пребарувач, вели дека технологијата ќе им овозможи на патниците да го гледаат „check-in шалтерот на вашата авиокомпанија во Мадрид, мапирање на патот од секторот за багаж до автобуската на Меѓународниот аеродром во Токио па до местото каде да го земете вашиот изнајмен автомобил на аеродромот во Ајндховен, можете дури и да го проверите вашето седиште на летот на Емиратите од Дубаи!“