Said İbicioğlu
29 ноември 2015•Ажурирај: 30 ноември 2015
ГАЗА (АА) - Неколку стотици палестински деца се собраа денеска пред зградата на Обединетите Нации во Газа во знак на протест против безбедносните сили кои апсат неосновано и вршат тортура врз нивните семејства, јавува Anadolu Agency (АА).
Младите од Палестина ја повикаа ресорната палестинска власт да се спротистави на израелските апсења на Палестинците и направи конкретни чекори за подобрувања на условите на палестинскиот народ кој би бил слободен и безбеден во сопствената земја.
"Израелските сили се повеќе ги апсат и палестинските деца. Како што децата во остатокот од светот, и ние сакаме да живееме во слобода и мир", рече Мохамед Абу Сиси.
"Малолетните лица во израелските затвори биле лишени од сите права и се жртви на злоупотреба, мачење, глад и недостаток на медицински услуги. Во затворите престојуваат заедно со израелската затвореници", рече Мендух.
Мендух повика сите релевантни меѓународни организации за да извршат притисок врз Израел за ослободување на неоправдано приведените Палестинци, особено малолетници, а израелските безбедносни сили да стават крај на ваквите апсења.
Унијата на палестински затвореници, објави дека израелските сили од почетокот на октомври, уапси најмалку 800 палестински малолетници на возраст од 11 до 14 години. Според Унијата, во израелските затвори во моментов има 6.500 Палестинци.