Sümeyye Dilara Dinçer
24 Јуни 2022•Ажурирај: 27 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Започната е истрага поради насукањето на десетици желки, делфини и други морски животни на брегот на централноамериканската земја Гватемала, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Бангкок пост“ (Bangkok Post), Националната агенција за зачувување на Гватемала информира дека на пацифичкиот брег на оваа земја биле пронајдени околу 65 мртви желки, главно од видот Olive Ridley и 14 делфини.
Експертите информираа дека е започната истрага во врска со настанот.
Локалните официјални лица, заедно со волонтерите, ќе испитаат дали има и други мртви морски суштества во областа.
Некои експерти се сомневаат дека поморот на морскиот животински свет можно е да е предизвикан од некои токсични материи кои поројните врнежи од дождови од копно ги пренеле во море.