Betül Yürük
20 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
ЊУЈОРК (АА) - Иако од вкупниот број на терористички напади, секој 8-ми е изведен од лице со муслиманска вероисповед, повеќето од половината вести за терористичките напади објавени во американските медиуми се однесуваат на нападите изведени од страна на муслиманите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во списанието „Justice Quarterly“ објавено е истражување спроведено од американските универзитети „Џорџија Стејт“ и „Алабама“, според кое се дојде до заклучокот дека медиумите за 357 % повеќе објавуваат вести за терористички напади во кои „извршителите се муслимани“ во однос на терористичките напади во кои сторителите се припадници од друга вероисповед.
Постојат повеќе причини за отстапувањето широк простор во медиумите за терористичките напади, но интересен е податокот до кој се дојде во истражувањето, дека еден од најзначајните фактори би можел да претставува религијата. Според ова истражување, во периодот од 2006 до 2015 година во САД се извршени 136 терористички напади, при што еден од 8 напади е изведен од лице со муслиманска вероисповед. Доколку се погледне на вкупниот број вести објавени за терористичките напади, може да се забележи дека повеќето од половината се однесуваат на нападите извршени од муслимани.
Истражувањето посочува на фактот дека непропорционалното информирање во медиумите е причина луѓето повеќе да се плашат од терористичките напади во кои се инволвирани муслимани, а притоа се игнорираат другите закани.
Според ова истражување, со фактот дека медиумите свесно или несвесно повеќе место им отстапуваат на вестите за терористичките напади кои им се припишуваат на муслиманите, генерално се создава слика дека овој вид напади се почести.
Покрај тоа, во истражувањето се истакнува дека нападите насочени кон власта, приведувањето на напаѓачите или бројката на загинати, се фактори кои влијаат терористичкиот напад да добие поширок простор во медиумите.