Barış Seçkin
27 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 30 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Последните податоци во врска со епидемиолошката ситуација во земјата ги изврши Министерството за здравство.
Бројот на активни случаи е помал за 665 и изнесува 17.638, а вкупниот број на заразени е зголемен на 239.961. Во последните 24 часа заразување е потврдено кај 259 лица.
Бројот на излекувани е поголем за 890 и изнесува 187.615.
Бројот на починати од Ковид-19 во последните 24 часа е поголем за 30 и изнесува 34.708.
До денес се извршени 5.215.922 тестирања.
Премиерот Џузепе Конте и министерката за образование Лучија Ацолина соопштија дека училиштата, со зајакнати мерки, ќе ги отворат вратите на 14 септември.
Наставата во училиштата во февруари е прекината во Ломбардија, Емилија-Ромања и Венето, а во останатите региони во март.